Бекер по петти пат ќе стане татко

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бекер по петти пат ќе стане татко

„Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Бекер во објавата илустрирана со видео од неговата 35-годишна сопруга како го покажува својот стомак.

Двајцата се запознаа во Лондон во 2022 година, во период во кој 57-годишниот Бекер имаше проблеми со правосудниот систем и беше осуден на две и пол години затвор за банкрот и даночно затајување.

Монтеиро, чие потекло е од Сао Томе и Принсипе, е родена во Рим во 1990 година и работи како аналитичар за политички ризици. Двојката живее заедно во Италија и се венчаа во 2024 година во Портофино, а во моментов го очекуваат своето прво дете.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата