Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, објави Би-Би-Си.
Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер (витез) , а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.
Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња и освои бројни трофеи во богатата кариера што ја почна во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 394 натпревари и постигна 85 голови, а настапуваше и за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.
За англиската репрезентација одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.
Бекам одигра важна улога кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките игри во 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ.