Австралијка се обидела онлајн да продава човечки прсти, ги набавила на страшен начин (ВИДЕО)

19.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралијка се обидела онлајн да продава човечки прсти, ги набавила на страшен начин (ВИДЕО)

Сè започнало во февруари 2024 година, кога дошла во засолништето за животни и сфатила дека кучињата повраќале човечки останки. Ги собрала, ги однела дома и ги ставила во тегла со формалин. Потоа дошла до бизарна идеја.

Полицијата имаше дојава

Инаку, гореспоменатите кучиња биле предадени во засолништето откако изеле делови од телото на нивниот сопственик кој починал од природна смрт, пренесува NBC News.

Кетлин верувала дека може да ги продаде прстите преку Интернет и да заработи дури 250 долари, но не ја реализирала својата идеја бидејќи полицијата ѝ заѕвонила на вратата.

Им покажала и други работи што ги чувала, како канџи од алигатор, череп од птица и забите на нејзините деца.

Таа пред судот се изјаснила за виновна.

Надлежните дознале дека таа била активен член на Фејсбук групата „Bone Buddies Australia“, каде што се организира трговија со конкретни „артикли“.

Кетлин пред судот се изјаснила за виновна и била осудена на 18 месеци затвор и 150 часа општествено корисна работа.

Нејзиниот адвокат рече дека „се кае за своите постапки“, дека ја изгубила работата во засолниште за животни и била јавно засрамена на социјалните мрежи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата