По неколку недели физикална терапија, Суни и Буч започнале поинтензивна работа со „Боинг“ и различни програми на НАСА.
– Моментално токму што завршува рехабилитациониот дел од нашето враќање… Гравитацијата е ужасна за одреден период, кој варира кај различни луѓе, но на крај ги надминувате тие невровестибуларни проблеми со рамнотежата – рече 62-годишниот Буч во среда во интервју за „Ројтерс“.
Буч и Суни, чие осумдневно пробно летање со капсулата „Старлајнер“ минатата година се претвори во деветмесечен престој во вселената, морале повторно да ги прилагодат своите мускули, чувството за рамнотежа и други основни функции неопходни за живот на Земјата, во текот на стандардниот 45-дневен период за рехабилитација на астронаути кои се враќаат од долгорочни мисии.
Doctors have raised concerns about astronaut Sunita Williams' health after looking noticeably frail in a new photo. They pointed to Williams' 'visibly thin' wrists, which they said could be a sign of rapid weight loss, muscular wasting in her arms, and bone density loss. pic.twitter.com/6nWYtpT1zM
— Anne Tootill (@toot5000) March 19, 2025
Долга рехабилитација
Двајцата астронаути поминувале најмалку два часа дневно со специјалисти за кондиција и рехабилитација од медицинската единица на НАСА, додека истовремено ги извршувале обврските со „Боинг“, НАСА и истражувачките тимови.
– Сѐ беше како виор од активности. Имаме обврски кон сите луѓе со кои работевме – рече Суни (59) во интервјуто.
Таа изјави дека некои од несаканите ефекти од престојот во вселената минувале побавно и дека се чувствувала уморно во подоцнежните фази на опоравување, бидејќи десетици мускули повторно се активирале.
– Ми беше тешко да се будам рано, како што сум навикната, но пред околу недела дена се разбудив во 4 часот и си реков: „Аха, се вратив“ – раскажа таа.
„Вратот ме заболе веднаш по слетувањето“
Буч имал претходни проблеми со грбот и вратот, но тие исчезнале додека бил во вселената, пренесува Блиц.
– Таму нема никаков стрес на телото – рече тој. Но веднаш по враќањето, гравитацијата го вратила болниот врат.
– Уште додека пливавме во океанот во капсулата, вратот почна да ме боли – рече со насмевка.
Before and after photos of Sunita "Suni" Williams, returning to Earth after being stuck in space for nine months. pic.twitter.com/NE9rrEDejs
— Creepy.org (@creepydotorg) March 19, 2025
Животот во безтежинска состојба на почеток делува како одмор – телото работи полесно, но ако тоа трае предолго, мускулите и срцето почнуваат да слабеат, а коските стануваат кревки.
Според научниците, човечкото тело губи околу 1% мускулна и коскена маса месечно во вселената, што носи ризици како рак, невролошки и дегенеративни болести.
Фотографиите од Суни и Буч по слетувањето покажуваат како со тешкотии чекорат, со слаби зглобови и видно ослабени тела. Суни имала и инфузија за рехидрација. Нејзиното лице било побледо, со видлива седа коса и подлабоки брчки. Но, две недели подоцна, јавноста била изненадена од брзото закрепнување – лицето ѝ било пополно, а метаболизмот се враќал во нормала.
– Изгледа како да спиела подобро и јаде поздраво – изјави пулмологот и воен ветеран Винај Гупта.
Самиот опоравок Суни го нарече „чудесен“.