Досега Кина беше најголема закана по Канада. Но, откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ја анектира Канада како 51-ва држава на САД и почна трговска војна со еден од најважните трговски партнери на САД, само 15 проценти од Канаѓаните сега ја сметаат Кина за нивна најголема закана.
Дури 25 отсто од испитаниците изјавиле дека САД се и најголем сојузник,но и најголема закана по Канада.
Анкетата на „Пју“ покажува и слични резултати во Мексико, каде 68 проценти од испитаниците ги сметаат САД за најголема закана по земјата, додека 20 проценти се изјасниле дека се најголем сојузник, но и најголема закана, што покажува колку е сложен односот меѓу САД и нејзините соседи.
Според истражувањето, за 42 отсто од Американците Кина е најголема закана, иако процентите варираат од политичката определба на испитаниците. За 58 проценти од републиканците Кина е најголема закана, а за 39 отсто од демократите најголема закана по земјата е Русија, а за Кина се изјаснија 28 проценти.