Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Англичани се венчале по 60 години, откако родителите им ја раскинале веридбата

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) имале исклучително тежок пат до нивната венчавка, но и двајцата се среќни што сепак успеаја да го направат тоа. Парот првпат се запознал во 1963 година, кога Лен имал 19, а Жанет 18. Работеле како медицински техничари во болницата Сент Мери во Њупорт, Англија и се заљубиле на прв поглед, пишува Дејли Мејл.

Наскоро Лен ја запросил Жанет и таа прифатила. Меѓутоа, во тоа време возраста на согласност била 21 година, а Жанет била за три години премногу млада. Нејзините родители ја раскинале свршувачката, а Лен добил трогателно писмо.

Во текот на следните 50 години, Лен се оженил во Австралија, имал три деца, се развел и се преселил во Стивенејџ, каде што работел како окружен медицински техничар. Жанет останала на островот Вајт за да стане медицинска сестра, а потоа се омажила за поморски поручник и има две деца. Била во пензија и сè уште со сопругот кога Лен решил да ја најде.

„Бев исплашен, не знаејќи каква ќе биде нејзината реакција или дали воопшто ќе ја видам. Заминав во сомнеж. Не беше лесно да ја најдам, но го направив тоа. Само се надевав дека е добро – не очекував било што друго“, рече тој, пренесува Метро.

“За малку ќе умрев кога сфатив дека стои покрај мојата ограда. Мило ми беше што ме бараше. Во тоа време многу размислував за него”, рекла Жанет. Потоа го видела бившиот свршеник и му рекла на сопругот дека е странец и бара насока.

Меѓутоа, две години подоцна, сопругот на Жанет починал од рак, а таа го контактирала Лен користејќи ја адресата што тој ѝ ја дал на божиќната честитка претходната година. После тоа, во 2018 година таа се согласила да се пресели во Стивениџ за да живее со него, а минатата година Лен повторно клекна на едно колено и ја замоли да се омажи за него. Нивната венчавка се одржала на 11 февруари.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ