Американците ќе произведуваат милијарди муви, што ќе ги фрлаат од авион во обид да спречат катастрофа

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американците ќе произведуваат милијарди муви, што ќе ги фрлаат од авион во обид да спречат катастрофа

Ларвата, позната како „ New World Screwworm“, претставува сериозна закана за американската сточарска индустрија, дивите животни и домашните миленици.

Ефикасен и еколошки метод

Црвот ги положува своите јајца во раните на топлокрвните животни, што може да предизвика фатални инфекции, објавува ABC News.

Планот е да се пуштат стерилни машки муви, одгледувани во специјални фабрики, во дивината за да се парат со женките, но без да се произведува потомство, постепено убивајќи ја популацијата на ларви.

Методот е поефикасен и еколошки поприфатлив од прскањето со инсектициди.

Објекти за одгледување муви

САД ја користеа оваа техника успешно во минатото, но проблемот повторно се појави во јужен Мексико кон крајот на минатата година.

Планирано е да се отворат нови објекти за одгледување муви во Мексико и Тексас до 2026 година.

Поради заканата, САД привремено ја затворија својата јужна граница за увоз на жив добиток.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата