Американски алпинист искачи кула висока 500 метри во Тајпеј со „голи раце“

26.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски алпинист искачи кула висока 500 метри во Тајпеј со „голи раце“

 Хонолд успеа да ја совлада кулата изградена од стакло, метал и бетон за 1 час, 31 минута и 35 секунди и стана првиот човек што тоа го направил без да користи јаже.

 Зградата има 101 кат, а најтешкиот дел се 64-те ката од средниот дел, односно таканаречените „бамбусови кутии.

 Како што пишуваат дел од светските медиуми, се работи за еден од најхрабрите и најризички соло-подвизи некогаш изведени на вештачка структура, поради неговата комплексност и лизгавите површини.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата