Жаклин Диорио (26) се сретнала со личноста со која се поврзала преку апликацијата Тиндер, а која била информатор, пишува CNN.
Жаклин се допишувала со него и се слушнала на телефон пред да се сретнат лично два месеци по средбата на Тиндер. При тие разговори му рекла дека сака да го убие своето поранешно момче (57), полицаец од Филаделфија, и неговата ќерка. Меѓутоа, она што таа не го знаела е дека тој не бил убиец , туку доушник кој работел во полиција.
Таа му понудила да му плати 12.000 долари за тоа.
Меѓутоа, Жаклин била уапсена минатата недела и одведена во притвор откако на информаторот му платила 500 долари во готово како гест на добра волја за да го натера да ја прифати нејзината понуда.
Властите соопштија дека Диорио носела шише со таблети со излупена етикета. Се верува дека таблетите се алпразолам, контролирана супстанца што се користи за лекување на анксиозност и панични нарушувања, се наведува во тужбата.
Диорио е обвинета за две точки за обид за убиство од прв степен, една точка за заговор од прв степен за извршување на убиство и една точка за поседување контролирана опасна супстанција од трет степен.
На сослушувањето во петокот, обвинителите рекоа дека Диорио се обидела да организира уште еден обид за убиство на таткото и ќерката.
Нејзе и била одбиена кауцијата, а нејзиното следно рочиште е закажано за 11 јуни.