Американка купила привезок за еден долар, се шокирала кога дознала колку вреди

30.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американка купила привезок за еден долар, се шокирала кога дознала колку вреди

Накитот, земен од „Сидар Глен Трехфт енд Колекционерс“, го привлече нејзиното внимание на прв поглед, но таа немала поим какво богатство всушност држи во рацете.

„Не знаев колку вреди“

„Секогаш барам накит во продавници за половни работи, никогаш не знаете што може да најдете. Веднаш ми го привлече вниманието кога ја почувствував неговата тежина“, рекла таа.

Откако го купила привезокот, Сара го ставила на синџирче и повремено го носела, верувајќи дека е „обично“ парче.

„Не знаев колку вреди, мислев дека е злато, но не знаев со каква чистота“, рекла таа.

Помош на Reddit

Неколку години подоцна, додека го продавала употребениот накит на купувач, добила понуда што целосно ја изненадила - 240 долари.

„Тоа ми го привлече вниманието. Сфатив дека вреди повеќе отколку што мислев“, рече таа.

Заинтригирана, таа одлучила да објави фотографија од привезокот на Reddit, во група посветена на идентификација на накит, за да дознае повеќе за неговото потекло и потенцијалната пазарна вредност.

„Моето најдобро откритие“

Онлајн експертите утврдиле дека привезокот е дело на Ралф Горичаназ, уметник од Алјаска. После тоа, Сара побарала официјална проценка и дознала дека е направен од 6,3 грама 14-каратно злато, објави Newsweek.

Еден корисник на Reddit пресметал дека неговата вредност е околу 370 долари - само врз основа на златото, но цената мора да го „вклучи“ и името на авторот.

Девојката го контактирала дизајнерот со надеж дека ќе дознае повеќе за потеклото на привезокот и неговата пазарна вредност. Иако конечната бројка сè уште не е позната, едно е сигурно - ова купување беше вистински хит.

„Ова е дефинитивно моето најдобро откритие во продавниците за половна облека. Често наоѓам добри работи, но нешто вакво е сосема неочекувано“, заклучила таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата