Аеродром среде природа на островот Кох Самуи, Тајланд

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аеродром среде природа на островот Кох Самуи, Тајланд

Како што пишува порталот „Експрес“, овој аеродром важи за еден од најдобрите и најубавите во светот, поради своето егзотично-релаксирачко опкружување со зеленило и природа.

Инаку, аеродромот „Самуи“ е во приватна сопственост на авиокомпанијата „Бангкок ервејс“. Се наоѓа на северниот дел на островот - близу плажата Бо Пхут. Изградбата почнала во 1982., а официјално е отворен во април 1989 година. Аеродромот, меѓу другото, има отворен простор за чекање, со вреќи за седење и лулашки поставени на голема зелена површина. Патниците може, уживајќи во свежи коктели, да гледаат авиони како полетуваат без оград до пистата.

И патувачката „блогерка“ Џесика Џејн даде своја рецензија за овој тајландски аеродром.

- Ова е најдобриот аеродром во светот каде што можете да пиете свежа кокосова вода од кокос додека се ладите на торби за одмор и гледате како авионите полетуваат. Ова мора да е едно од најдобрите аеродромски искуства што сум ги имала, рече таа.

Ѝ се допаднале, имено, угостителските објекти што се наоѓаат во рамките на аеродромот, а забележала дека има и шалтер за услуги каде што може да се набави бесплатна храна и пијалаци, вклучувајќи грицки, колачиња, кафе и сок.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата