Финансискиот
стрес е најштетен за здравјето и општата благосостојба на поединецот, го
забрзува процесот на стареење, влијае на здравствените биомаркери и има посилен
ефект врз менталното здравје во споредба со последиците од тагување поради
болест, тешка загуба или развод, според новото истражување на британските
научници.
Речиси 5.000
возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години учествувале во британската
студија, спроведена од научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и
Кралскиот колеџ, кои истакнале дека нивната анализа е прва што истражува како
различни видови на хроничен стрес се поврзуваат со здравствените индикатори на
стари лица.
Национално
репрезентативно истражување потврди дека финансискиот стрес води до долгорочни
промени во клучните здравствени индикатори, како што се имунолошкиот, нервниот
и хормоналниот систем.
Тие ги споредиле
шесте најчести стресни фактори.
Од сите шест
најчести стресори кои ги проучувале британските научници, а тоа се финансиски
стрес, грижа за тешко болна или инвалидизирана личност, инвалидитет, тешка
загуба во семејството, болест и развод, се покажа дека финансискиот стрес е
најштетен фактор што ги носи најризичните здравствени резултати на долг рок.
Ова е утврдено со
испитување на четири биомаркери во крвта - кортизол (хормон произведен како
одговор на стрес), Ц-реактивен протеин (CRP), фибриноген и фактор на раст
сличен на инсулин 1 (IGF-1). Сите овие се имунолошки фактори поврзани со
развојот на стрес, развој на воспаление и стареење, додека ИГФ-1 е поврзан со
стареењето и долговечноста.
Студијата покажува
дека испитаниците кои биле под стрес само за нивната финансиска состојба имале
60 отсто поголеми шанси да развијат здравствен профил со висок ризик по четири
години.
За секоја
дополнителна стресна ситуација, како што е разводот, таа веројатност скокнала
за дополнителни 19 проценти.
Набљудуваната
врска останала без оглед на генетиката, социоекономските ефекти, возраста или
полот на испитаниците или нивниот начин на живот.
Студијата исто
така покажува дека финансискиот стрес, тешката загуба и долготрајната болест
најсилно влијаеле на промените во имунолошките и невроендокрините биомаркери,
што укажува на континуиран физички ефект на хроничен стрес.
Друг заклучок на
британските научници е дека хроничниот стрес може да предизвика хормонални
промени и реакции, што може да влијае на влошување на физичките и менталните
здравствени проблеми.Доктор Одеса Хамилтон од UCL го истакна инвазивното
влијание на финансискиот стрес на различни аспекти од животот, што во некои
случаи манифестирани во семејни конфликти, социјална исклученост, бездомништво
или глад.
Иако британската
студија го поврзува стресот и долгорочните здравствени проблеми, таа го
нагласува влијанието на стресот врз телото што старее.
Резултатите од
истражувањето беа објавени во списанието Brain, Behavior and Immunity.