Џеј Ло го промени својот изглед за својата нова улога. Имено, таа ja глуми улогата на Аурора во политичката драма „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman) во режија на Бил Кондон. За новата прилика, латиноѕвездата позираше во „пин-ап“ стил, носејќи лента за коса и црвен кармин.
„Да се глуми Аурора беше како да се танцува низ златното доба на киното... Со сјај, гламур и многу танцување. Враќањето во времето никогаш не било позабавно“, напиша Лопез во објавата.
„Бакнежот на жената-пајак“ ја раскажува приказната за политички затвореник, Валентино, кој е во затворска ќелија со Молина, осуден за нарушување на јавниот ред. Филмот првпат беше прикажан во јануари оваа година на Филмскиот фестивал „Санденс“. Во кината ширум светот доаѓа следниот месец.