Српскиот актер Милош Биковиќ опериран во Русија

15.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српскиот актер Милош Биковиќ опериран во Русија

Популарниот Биковиќ  беше повреден во Русија, каде што работи со години.

- Биковиќ го повреди коленото. Повредата беше комплексна, се се случи на крајот на декември. Имаше две тешки операции, едната се случи веднаш по повредата, другата пред две недели - откри извор за „Блиц“ близок до актерот.

- Тој беше опериран во Русија, каде беше повреден за време на снимањето на филмот. Закрепнувањето се уште трае и најверојатно ќе трае уште месец-два - додаде соговорникот.

- Милош се чувствува добро, моментално е во Белград. Тие му се најблиски, а штом се опорави ќе продолжи со снимање во Москва – заклучил изворот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата