Ријана ги пушти фановите во нејзиниот автомобил, ТикТок „врие“ од снимки (ВИДЕО)

12.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ријана ги пушти фановите во нејзиниот автомобил, ТикТок „врие“ од снимки (ВИДЕО)

Денес, малку познати личности дозволуваат фановите да им се доближат, но Ријана уште еднаш покажа зошто е толку популарна во јавноста. Во рамките на промоцијата на нејзината козметичка линија Fenty Beauty, Ријана оваа недела во Париз направи нешто што нејзините фанови сигурно ќе го паметат цел живот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Пејачката од Барбадос ја претстави Fenty Zone. Тоа е простор кој вклучува кафуле и фризерски салон, полн со производи за убавина на нејзиниот бренд.

По завршувањето на официјалниот дел, Ријана реши да ја отвори вратата од својот автомобил за група обожаватели кои ја чекаа надвор. Таа им дозволи да влезат во автомобилот, да ја гушнат, да се сликаат со неа, да добијат автограм и шанса да разговараат со нивниот идол.

Обезбедувањето најпрво не ја пуштило Алиса (27) да влезе во автомобилот, но откако Ријана ја забележала им рекла да ја пуштат.Алиса тврди дека пејачката ја препознала бидејќи се виделе неколку пати на промоциите на нејзиниот бренд. Иако разговорот меѓу нив не можеше да се слушне, изразот на нивните лица кажуваше сѐ. Алиса објави видео на TikTok со наслов „Веројатно само ми требаше прегратка од Ријана, нејзините прегратки се најдобри“.

@crazyalyy_ @Rihanna gives the best hug omg 😭❤️ (IG crazyalyy_) #rihanna #paris #fenty #rihannanavy ♬ original sound - music.rly

Имаше среќа и уште еден фан

Друг обожавател доби шанса да седне спроти пејачката во приватното возило. Со себе понел магазин Harper's Bazaar со Ријана на насловната страница. "Види го тоа! Сакаш ли да ти го потпишам?" Ријана го прашала. Дечкото ѝ се заблагодарил, а на крајот се прегрнале.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Иако Ријана првенствено стана позната како музичар, во последните осум години таа гради кариера преку модата и козметиката. Од соработката со Puma, до линијата на долна облека Savage X Fenty, до Fenty Beauty, Ријана изгради бренд вреден околу 1,4 милијарди долари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата