„ABC News“ доби дел од свадбената покана на Безос и Санчез, која е испратена до гостите во мај пред претстојната свадба на векот која ќе се одржи во Венеција.
Поканата содржи илустрации на птици во лет, пердуви, пеперутки и гондолиери.
Иако позадината на поканата е целосно бела, нејзините украси се со светло розови и сини детали.
Според поканата , може да се забележи дека двојката има една молда до своите гости.
-Двојката ги замоли гостите да не носат никакви подароци.
„Возбудени сме што ни се придружите! Имаме едно барање: ве молиме без подароци“, се вели во поканата. „Наместо тоа, даваме донација во ваша чест и во знак на благодарност што патувате да прославите со нас во Венеција“, се вели во поканата.
„Донации во ваше име се доставуваат до канцеларијата на УНЕСКО во Венеција за заштита на незаменливото културно наследство на градот, до CORILA за обновување на виталните лагунски живеалишта што ја штитат иднината на Венеција и до Меѓународниот универзитет во Венеција за поддршка на истражувањето и образованието за одржливи решенија“, напишаа двојката.