Прада ја презема модната куќа Версаче за 1,25 милијарди евра

10.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прада ја презема модната куќа Версаче за 1,25 милијарди евра

Спојувањето на двата легендарни брендови ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над 6 милијарди евра, која полесно ќе им конкурира на гигантите од секторот како LVMH и Kering, објави Би-Би-Си.

Овој договор е спротивен на трендот од последните години

„Среќни сме да му посакаме добредојде на Версаче во Групацијата Прада и да изградиме ново поглавје за бренд со кој споделуваме силна посветеност на креативноста, изработката и наследството“, коментира претседателот и извршен директор Патрицио Бертели.

Договорот е спротивен на трендот во последниве години, според кој големите имиња во италијанската мода, како Гучи, Фенди и Ботега Венета, преминаа во рацете на нивните француски конкуренти.

Договорот вреден 1,25 милијарди евра ја враќа една од најпознатите италијански модни брендови под италијанска контрола, откако беше продаден на американската Капри холдингс, тогаш позната како Мајкл Корс.

„На што се надеваа Италијанците“

И покрај тоа што Италија сочинува 50 до 55 отсто од глобалното производство на луксузни стоки за лична употреба, според проценките на консултантската компанија Bain, на земјата ѝ недостасува конгломерат кој може да се натпреварува со француските играчи како што се LVMH и Керинг, сопственик на Гучи.

Прада, со седиште во Милано, е најголемата луксузна модна групација во Италија според приходите.

Но, на берзата не може да се натпреварува со компании како LVMH, сопственик на Луј Витон.

„Амбицијата на Прада да стане водечки луксузен конгломерат во Италија е значајна промена на пазарот на кој доминираат француски групации. Тоа е токму она на што се надеваа многу Италијанци“, рече Ахим Берг, консултант во индустријата за мода и луксуз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата