Софија за оваа пригода избра капут од најновата колекција со леопард принт, потврдувајќи ја нејзината самодоверба во изборот на нејзиниот стајлинг, но и дека животинскиот принт повторно е „must-have“ стил за претстојната сезона.
Со совршена коса и шминка, Милошевиќ потврди дека и е тешко да најде конкуренција кога се во прашање модните икони од овие простори.
Познато е дека манекенката е редовен гостин на најголемите светски настани за висока мода, а нејзините беспрекорни стајлинзи никогаш не пропуштаат да ги воодушеват модните критичари.