После 30 години откриена е морничавата вистина за Мајкл Џексон

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
После 30 години откриена е морничавата вистина за Мајкл Џексон

Чејз Хјуз детално го анализирал однесувањето на пејачот за време на интервју што го дал во  2003 г. за потребите на снимањето на документарецот за својот живот.

Познатиот пејач Мајкл Џексон почина пред 15 години во својот дом во Лос Анџелес под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Целиот живот на поп-пејачот беше опкружен со бројни контроверзии, а дури денес, 30 години подоцна, е откриена морничава вистина во врска со интервјуто што го дал во 2003 година.

Анализирајќи го познатото интервју што Џексон му го дал на британскиот новинар Мартин Башир за документарниот филм „Живеејќи со Мајкл Џексон“, кој се емитуваше на ITV во 2003 година, експертот за говор на телото, Чејс Хјуз, ја открива вистината за однесувањето на покојната ѕвезда врз основа на неговиот говор на телото. Во споменатото интервју, новинарот отворено го прашува Мајкл дали имал пластична операција, а тој лаже без око да му трепне.

- Не, воопшто не сум направил операција на лицето. „Само носот, за да можам да дишам подобро и да ги погодам повисоките тонови -  кажал Мајкл Џексон тогаш.

Како што објаснува Хјуз, во моментот кога го кажува ова, несвесно направил гестикулација со раката подигнувајќи два прста, што укажува дека лаже.

- Поминав многу часови гледајќи го ова интервју и анализирајќи го неговото однесување. Гестот со раката е силно отстапување од неговото нормално однесување. Тој е многу отворен, мирен за време на комуникацијата, а гестот е проследен со кратко трепкање со очите. Трепкањето со очите е нешто што експертите за говор на телото го нарекуваат „заклучување на очите“. Причината што луѓето го прават ова е затоа што мозокот обработува многу информации, додека очите можат многу да трепкаат“, објаснува тој.

Гледајќи ги очите на Џексон за време на интервјуто, Хјуз заклучил дека пејачот речиси не трепка со очите.

- На местото на водителот, по движењето на очите би заклучил дали лаже или не. Ќе го проверам ова за неколку секунди, за да видам дали ќе се однесува исто, кога ќе го прашам каков автомобил има, каде живее, како изгледа неговата куќа... На тој начин можете да одредите дали личноста со која разговарате ве лаже или не - објаснува Хјуз.

Во тоа интервју водителот отворено ја прашува поп ѕвездата зошто спие во кревет со деца кои не се негови.

- Зошто да не го делиш својот кревет? Тоа е нешто што најмногу го сакам, да го делам креветот со некого. Може да го користиш мојот кревет ако сакаш. Спиј во него, а јас ќе спијам на подот. Твој е. Секогаш им го отстапувам креветот на пријателите. Сите што ме познаваат ја знаат вистината, а тоа е дека моите деца ми се најважни во животот и дека никогаш не би повредил ниедно дете“, категоричен бил тогаш Џексон, а пишува „Ladbible“.

Да потсетиме, Мајкл Џексон се најде на суд по тужбата на Џејмс Сејфчак, кој тврдеше дека пејачот го злоставувал кога имал 10 години. Судењето се претвори во првокласен скандал во САД, но Мајкл категорично тврдеше дека немало никаква злоупотреба. Судот ја отфрли тужбата на Сејфчак, но имиџот на поп-ѕвездата беше засекогаш нарушен.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата