Поради купување јахта, сослушани сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ и Александар Папиќ

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради купување јахта, сослушани сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ и Александар Папиќ

Легендарниот екс  тенисер Слободан Живојиновиќ Боба и контроверзниот бизнисмен Александар Папиќ се сослушани во Третото основно јавно обвинителство во Белград во врска со кривичното дело измама, поврзано со набавката на јахтата „Першинг 54“.

И обвинителството го објави целиот случај.

„Поради измама поврзана со купопродажба на пловен објект – јахта од марката „Першинг 54“, за која правното лице „Харвинтер д.о.о. поднесе кривична пријава до јавното обвинителство, јавниот обвинител ги сослуша осомничените Слободан Живојиновиќ (39) и А.П.Београду (37) за околностите на кривичното дело од член 208 од Кривичниот законик, ја сослуша жртвата М.С. информатичко-телекомуникациско вештачење и за графоскопско вештачење на ракописи“, се наведува во соопштението на обвинителството, пренесува Нова. Како што понатаму наведуваат, јавниот обвинител во понатамошниот тек на постапката ќе ги преземе сите потребни дејствија од негова надлежност за правилно утврдување на фактичката состојба и ќе донесе одлука врз основа на законот.

Боба Живојинивиќ

Според дел од српските медиуми, станува збор за Папиќ и Живојиновиќ.

Поранешниот тенисер и бизнисменот се осомничени дека два пати продале една иста јахта и за мтаа купопродажба добиле два пати по 300 000 евра.

Инаку, Александар Папиќ неодамна беше приведен за проневера во ЕПС, односно дека бил со Милорад Грчиќ, поранешен в.д. директор на ЕПС, го оштетил тоа претпријатие за повеќе од 100 милиони динари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата