Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

По седум години брак: Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разведоа

10 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Според медиумите, разводот на двајцата актери кои со години живееле одвоено, денеска станал ефективен.

Бонет, чие правно име е Лилакои Мун , поднесе барање за развод во јануари, а документите го наведоа 7 октомври 2020 година како датум на разделба на парот. Разводот беше неоспорен, а според AP News, ниту едно лице нема да добие финансиска поддршка.

Имено, тие се договориле како ќе го поделат имотот, а ќе имаат заедничко старателство над 16-годишната ќерка и 15-годишниот син. Инаку, 44-годишниот Момоа е најпознат по улогите во филмот „Aquaman“ и серијата „Game of Thrones“.

Нивниот брак беше првиот за Момоа, но вториот за Бонет, кој претходно беше во брак со музичарот Лени Кравиц.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ