Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажала истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.
95-годишниот Хекман починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека 65-годишната Аракава од респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари.
Како што пренесоа американските медиуми, властите веруваат дека таа починала една недела пред Хекман.
Хекман и аракава беа пронајдени мртви на 27 февруари, откако локалното обезбедување дошло да провери дали се добро. Тогаш мртво беше пронајдено и нивното куче, а причините се уште се утврдуваат..
Хекман е еден од најзначајните американски актери во последните четири децении. Доби два оскара во кариерата, во која забележа над 100 филмски улоги..