Нови фотографии од Џастин Бибер предизвикаа негодување: „Дрога пред дете?“

2.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови фотографии од Џастин Бибер предизвикаа негодување: „Дрога пред дете?“

Џастин Бибер, кој има 31 година, во четвртокот објави серија фотографии на Инстаграм, на кои со своето десетмесечно синче и пријателите уживаат во планините.

Друштвото се забавуваше околу дрвена колиба, користеше покриена тераса и се возеше со голф-возило. Меѓу убавите моменти со синот Џек, кој го доби со својата 28-годишна сопруга Хејли, се издвојува фотографија на која бебето задоволно седи на неговите раменици.

„Дрога пред дете?“

На друга слика, Џастин седи на кауч и го набљудува синот кој лежи до него. Но, претходна фотографија го прикажува како со пријател пуши цигара (или нешто друго) на истото место и во исти шорцеви – иако Џек не се гледа на таа слика.

Многу фанови во коментарите изразија загриженост за однесувањето на пејачот во близина на детето, што брзо се претвори во бурна дискусија.

„Не пуши пред детето“, напиша еден корисник, додека друга следбеничка додаде: „Нема шанси да држиш бебе во тој чад... Биди подобар, знаеме дека можеш.“ „Дрога пред дете?“, праша трет, а четврта коментаторка порача: „Јавно покажување консумирање супстанци во присуство на дете не е ниту кул, ниту интересно.“

Неколкумина сепак застанаа во негова одбрана. Една следбеничка истакна: „Луѓе, на сликата со бебето се гледаат стапалата на Џек на неговата нога. На сликата на која пуши, бебето очигледно не е таму.“ Друга додаде: „Јасно е дека станува збор за различни моменти.“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата