Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Најубаво тело на World Next Top Model 2023 имаше нашата Матеа

31 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023г е девојката од Казахстан, прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Матеа Христовска е членка на модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ