На Џенифер Лопез ѝ бил забранет влез во бутик на „Шанел“ во Истанбул

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Џенифер Лопез ѝ бил забранет влез во бутик на „Шанел“ во Истанбул

Кога обезбедувањето ѝ кажало дека не може да влезе, според наводите, глумицата-пејачка не изгледала вознемирена и само рекла: „Добро, нема проблем“, и си заминала. Вработени во бутикот потоа ѝ се приближиле, се извиниле и ја поканиле назад во продавницата, но таа ја одбила поканата.

Американските медиуми известуваат дека наместо во „Шанел“, Лопез купувала во други луксузни бутици како што се „Селин“ и „Бејмен“.

Таа одржа концерт во Истанбул на 5 август како дел од нејзината турнеја „Up All Night“. Кон крајот на минатиот месец, таа го прослави својот 56. роденден во Анталија, а дел од атмосферата објави и на својот интернет-простор. Пејачката ја завршува споменатата турнеја на 10 август, со настап во Алмати, Казахстан. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата