Маж со автомобил ја урнал оградата од домот на Џенифер Анистон

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж со автомобил ја урнал оградата од домот на Џенифер Анистон

Маж бил уапсен откако со своето возило влетал низ оградата на луксузниот имот на Џенифер Анистон во Бел-Ер вреден 21 милион долари.

Актерката во моментот на инцидентот била дома.

Обезбедувањето веднаш реагирало. Осомничениот, маж за кој се верува дека е на возраст од седумдесетти години, удрил во оградата од домот на Анистон во сред бел ден.

Според извештајот на ТМЗ, обезбедувањето на Анистон веднаш реагирало и го извлекло возрасниот човек од возилото и под закана со оружје го чувало се додека не пристигнала полицијата од Лос Анџелес.

Портпаролот на „LAPD“ Џеф Ли  во врска со инцидентот пред домот на Анистон истакнал дека полицајците реагирале на местото на настанот околу 12:20 часот. по локално време по добиена пријава за лице кое „со автомобил ја пробило влезната врата од имотот“.

Полицијата потврди дека Анистон немала контакт со осомничениот и дека не е повредена.

Мажот ќе одговара за кривично дело оштетување имот, но се додава дека не влегол во самата куќа. Истрагата е во тек, а мажот наводно има мало криминално досие, но според првичните информации нема докази дека целта на лично ја имал Анистон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата