Имено, американската глумица, која се движи кон крајот на шестото десетлетие од својот живот, носеше проѕирен фустан со длабоко деколте... Тоалетата во стил на сирена, инаку дизајнирана од американкиот дизајнер Лакуан Смит, е речиси целосно проѕирна, освен на неколку „стратешки точки“, покриени со црни риги. Својот изглед глумицата го заокружи со црн вел, пунџа-фризура и куса јакна. Од другите детали, се издвојуваат дијамантскиот ѓердан и обетките.
Инаку, за Хали Бери ова е нејзино второ појавување на американската „Мет-гала“. Таа првпат учествуваше во 2017 година, кога носеше речиси целосно проѕирен комбинезон од модната куќа „Версаче“.
Годишната „Мет-гала“ традиционално се одржува во првиот понеделник во мај, во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк. Освен што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.
Темата на годинашната „Мет-гала“ беше „Суперфини: Кроење во црнчки стил“. Тоа значи дека гостите го претставуваа стилот на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Кодекс на облекување „Tailored for You“ (Скроено за тебе / вас) им даде можност на гостите да го изразат сопствениот стил преку персонализирани кроеви и слободно толкување на машката мода.