Мат Дејмон откри кој режисер му е најголемата инспирација

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мат Дејмон откри кој режисер му е најголемата инспирација

Мет Дејмон, и покрај тоа што со децении е едно од најпознатите лица во Холивуд, признава дека секоја нова соработка ја гледа како можност за учење. Ова чувство го имал и додека работел на посебен филм кога, како што вели, „се усовршувал во реално време“.

Станува збор за снимањето на филмот „Invictus“ од 2009 година, во кој за прв пат работел со Клинт Иствуд. "Тоа беше кратка лекција за видот на кариерата што сакам да ја имам. Неговата филозофија за работата и фактот дека тој е секогаш различен... Тоа е знакот на вистински уметник - да биде недофатлив за дефинициите низ децениската филмска работа", изјави актерот за GQ, пренесува Far Out Magazine. Тој, исто така, забележа колку е инспириран од трајниот успех на Иствуд.

За Дејмон, најпосебниот дел беше чувството да се биде близок со некој што е негов пример. "Тој е цел и модел. Моите пријатели зборуваат за него кога зборуваат за тоа каде сакаат да бидат. На пример, Бен Афлек и Џорџ Клуни - Клинт има кариера каква што сакаат. Сите навлегувавме во четириесеттите години и сакавме да веруваме дека можеме да го правиме тоа на високо ниво уште најмалку четири децении", откри Дејмон.

Токму ова сознание дополнително го мотивирало. Гледајќи ја одблизу посветеноста и визијата потребни за кариера како онаа на Иствуд, го натера да ги подигне сопствените стандарди.

„Таков вид на кариера не доаѓа ако само „пловиш“ низ работата и бидеш просечен. Сакав да станам подобар актер за да изградам подобра кариера - барем да се доближам до она што можеше да го постигне“, заклучил актерот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата