Славната пејачка на роденденското патување во Италија е во друштво на 29-годишен партнер Акем Морис и ќерките Мерси и Лурдес.
Таа сподели емотивни моменти од патувањето на Инстаграм со пораката: - Мојот сон со години беше да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се одржува на мојот роденден од 1482 година. Навистина е свет ритуал да се присуствува и да се биде во тишина пред почетокот на трката со илјадници луѓе. Трката е невозможно да се опише. Соништата се остваруваат, истакна светската музичка ѕвезда.
Мадона го прослави и својот роденден со посебна торта, розова Лабуба со натпис „Среќен роденден Мадуду“, што дополнително ги воодушеви фановите. Само неколку месеци претходно, таа го прослави 94-тиот роденден на нејзиниот татко Силвио Чиконе, на кого јавно му се заблагодари за неговата сила и оптимизам: - Тој преживеа многу војни и загуби во својот живот, а сè уште има чувство за хумор и силна желба да станува од кревет секое утро и да го искористи денот на најдобар можен начин, рече таа.