Двојката беше фотографирана на романтична прошетка во Италија во неделата, одејќи прегрнати и разговарајќи, што веднаш предизвика низа шпекулации за нивната врска.
Според „Сан“, Хари и Зои имале интимен состанок во „Ритас Бистро“ во Сохо минатата недела, по премиерата на нејзиниот нов филм „Caught Stealing“ на Лестер Сквер.
- Седеа во еден агол, бакнувајќи се како тинејџери и не им беше гајле дали некој ги гледа. Изгледаа како двојка - рече извор.
@beatrizalyrio Ainda processando a emoção de hoje 😭🤌🏽 #harrystylesvids #harrystyles #rome #roma #zoekravitz ♬ Daylight - Harry Styles
Во видео кое се појави на социјалните мрежи, актерката и пејачката може да се видат како шетаат по улиците на Рим. Зои (36), ќерка на Лиза Бонет и Лени Кравиц, носеше бел мини фустан и црна капа, додека Хари (31) беше во тексас јакна и фармерки.
@harrystyles.k OMGG #harrystyles #harrystylesvideos #fypツ #foryou #viral ♬ suono originale - harrystyles.k
Обожавателките беа запрепастени од можната романса:
„Хари и Зои не беа на моето бинго за 2025 година“, „Прво во Париз со Остин Батлер, потоа во Рим со Хари - Зои, дај ми го рецептот!“, беа само дел од коментарите.
Интересно е што само неколку дена претходно, Зои беше видена во Париз на исклучително интимен состанок со својот филмски колега, Остин Батлер. Двајцата беа видени како разговараат, се прегрнуваат и наздравуваат еден со друг во еден бар, додека изворите тврдеа дека „постои хемија“ меѓу нив, иако сè уште не се развила во романса.
Филмот „Фатен како краде“ на Дарен Аронофски, во кој главните улоги ги играат Батлер, Зои Кравиц, Лив Шрајбер, Мет Смит, Винсент Д'Онофрио, Реџина Кинг и Бед Бани, го следи неуспешниот бејзбол играч Хенк Томпсон (Батлер) кој се наоѓа во опасна игра на преживување во криминалното подземје на Њујорк во 1990-тите.