Црква која според медиумите од големиот заводник бара да исполнува скоро невозможни работи.
Во моментов светските медиуми се преокупирани со врската на славниот Том Круз со младата кубанска актерка Ана де Армас. Извори блиски до Том и Ана тврдат дека нивните средби се „строго деловни“, а шпекулациите за можен четврти брак на Круз продолжуваат.
Мегапопуларниот Круз зад себе веќе има три брака со актерките Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејт Холмс. Сите врски на легендарниот актер се придружени со бројни контроверзии, а неговиот приватен живот е поинтригантен од сценаријата што Том ги игра на во филмовите.
Доколку Ана стапи во врска со Том, би се соочила не само со партнерот кој е 26 години постар од неа, туку и со целиот систем што го опкружува Круз – од неговата посветеност на Скиентологијата, до комплицираниот однос со неговите деца, а секако и до вниманието на светските медиуми.
Првата сопруга на Том беше актерката Мими Роџерс. Тие се венчаа во 1987 година и се разведоа две години подоцна. Токму преку Мими Круз влезе во светот на Скиентолошката црква, која подоцна ќе одигра клучна улога во неговиот личен живот.
Во 1990 година Том се венча со убавата австралиска актерка Никол Кидман.
Заедно посвоија две деца – Изабела и Конор, кои денес живеат во согласност со скиентолошката вера на нивниот татко. Разводот во 2001 година ја остави Никол во состојба на целосен шок.
Се претпоставува дека причината за раскинувањето е нејзиниот отпор целосно да се приклучи на скиентологијата.
По неговиот развод со Кидман, почнаа да кружат гласини дека високи членови на Скиентолошката црква организирале „аудиции“ за да му најдат нова сопруга на Том.Изборот најверојатно паднал на убавата актерка Кејт Холмс.
Том во 2006 година во Италија се жени со Кејти Холмс, на скиентолошка церемонија.
Во 2012 година Кејти го напушта бракот, но и скиентологијата. Наводно, нејзиниот главен мотив бил да ја заштити нивната ќерка Сури од влијанието на оваа организација. Оттогаш Том и Сури не биле во контакт.
Иако судските документи покажуваат дека Том и плаќа на Кејти 400.000 долари годишно за Сури и ги покрива сите нејзини трошоци додека таа не полнолети, таткото и ќерката наводно не се виделе од 2013 година.