Таа на Инстаграм објави видео со сопругот Бред Фалчук, кого ретко го покажува.
Во видеото, таа рече дека го поканила нејзиниот сопруг да ѝ се придружи во новата епизода од подкастот Goop, на што тој се согласил. Ова видео од неколку секунди предизвика чудење кај фановите.
Некои се чувствуваа „привилегирани“
„Да се види Бред на интернет е толку ретко како да се види снежен леопард во дивината“, напиша Џес Сајнфелд, сопруга на комичарот Џери Сајнфелд. Некој во одговорите се согласија со неа, додавајќи дека се чувствуваат „привилегирани“ од овие сцени.
„Најдоброто дуо досега“, „Имате иста облека! Прекрасно“, „Вие сте прекрасен пар“, „Бред има таква смирувачка енергија. ГП, ти имаш среќа!“, „Бред е најдобар. Едвај чекам да те видам во епизодите“, „Изгледа толку млад! Морав да погледнам колку години има“, се дел од коментарите.
Бракот на Гвинет Палтроу и Бред Фалчук
Да потсетиме дека Гвинет и Бред се запознале во 2010 година на снимањето на серијата Glee. И двајцата во тоа време поминуваа низ разводи - Гвинет од пејачот Крис Мартин, а Бред од неговата прва сопруга. Тие се венчаа на 29 септември 2018 година на интимна церемонија во Њујорк. Меѓу гостите беа Роберт Дауни Џуниор, Камерон Дијаз, Стивен Спилберг и Бен Плат.
Сопружниците имаа и малку необичен меден месец. Покрај децата од претходните бракови, на Малдивите им се придружи и Крис Мартин. Актерката подоцна појасни дека одлучиле да го направат тоа за нивното мешано семејство да има убаво искуство од самиот почеток.