Фреди Меркјури има ќерка?

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фреди Меркјури има ќерка?

 Не се шегуваме, ова стои во новата биографија за фронтменот на „Queen“. Во книгата „Љубов, Фреди“, авторката Лесли-Ан Џонс наведува дека детето било случајно зачнато за време на аферата на Фреди со сопругата на негов близок пријател во 1976 година.

Се наведува дека Меркјури редовно ја посетувал својата ќерка и ѝ дал 17 тетратки кои биле детални лични дневници кои таа ги чувала во тајност. Жена позната само како Б, која има 48 години и работи како здравствен работник некаде во Европа, ја споделила (наводно) содржината на тие дневници со рок биографката Лесли-Ан Џонс за потребите на книгата.

Наводните дневници на Фреди

Книгата содржи и рачно напишано писмо од наводната ќерка на Меркјури, која сака да остане анонимна, во кое пишува: „Фреди Меркјури беше и е мој татко. Имавме многу блиска врска од времето кога се родив и низ последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше посветен.“ Се верува дека само најблиските на Меркури знаеле за неговото постоење.

Пејачот, се чини, почнал да пишува дневници од 20 јуни 1976 година, кога наводно дознал за бременоста. Во нив, тој го опишува своето детство на Занзибар, каде што е роден како Фарук Булсара на 5 септември 1946 година, како и своето образование во британскиот интернат во Индија. Исто така, опишува како неговото семејство морало да избега од Занзибар по револуцијата во 1964 година и да се насели во Мидлсекс, северозападно од Лондон.

Последниот запис во тетратката е направен на 31. јули 1991 година, додека неговото здравје се влошувало. Починал на 45-годишна возраст од бронхијална пневмонија предизвикана од СИДА.

Неговата наводна ќерка: „Време е Фреди да проговори“

Во друго писмо вклучено во книгата, Б објаснува зошто одлучила да ги сподели дневниците на Меркјури по 30 години. „По повеќе од три децении лаги, шпекулации и искривување на вистината, време е Фреди да проговори. Тој ми ја довери својата колекција од приватни тетратки - мене, неговото единствено дете и законски наследник - запишани мисли, спомени и чувства за сè што преживеал“, напишала неговата наводна ќерка.

Авторот на книгата „Љубов, Фреди“, Џонс, вели дека Б првпат ја контактирала пред три години. Таа за Дејли меил изјавила: „Мојата прва реакција беше сомнеж, но сега сум апсолутно сигурна дека не е фантазија. Никој не можеше да го измисли сето ова. Зошто некој би работел со мене три и пол години, а да не бара ништо за возврат?“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата