Русокосата убавица исто така покажа дека е вистинска и искрена за што собра многу комплименти.
Актерката Дру Баримор веќе неколку години негува сосема природен изглед, како и многу нејзини колешки, почнувајќи од Шерон Стоун и Памела Андерсон, кои гордо ги покажуваат своите лица без филтри, козметички процедури и други помагала во желбата да останат засекогаш млади.
Ѕвездата на филмовите „Чарлиеви ангели“ сега воодушеви со фотка на социјалните мрежи.
На фотографијата, Дру Баримор позира во својот дом, без шминка и со природна коса, а она што дополнително ја краси сликата е нејзината искрена насмевка.
Сепак, она што е позначајно од фотографијата е моќната порака што ја испрати, во која размислува за стареењето и животот.
„50 = Б-страна на животот - каде што започнува вистинската магија!“ напиша Дру алудирајќи на плочите од А и Б-страна кои беа резервирани за песни што не беа комерцијални хитови, туку посмели и лични... Нејзината шега ги воодушеви постарите следбеници кои добро знаеја што мисли под „Б-страна на животот“.