Фото: Мадона се пофали со чанта од 100.000 долари, може да се нарача само со покана!

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Мадона се пофали со чанта од 100.000 долари, може да се нарача само со покана!

Станува збор за модел на „Нирвана“ од модната куќа „Аупен“, и додека чантата е омилен додаток за други познати личности, моделот на поп-кралицата е различен од останатите. Чантата е изработена од крокодилска кожа и може да се нарача само со покана.

Вакви слични чанти,  поевтини модели од телешка кожа можат да се купат за 340 долари. Брендот „Aupen“ е релативно нов бренд кој е основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан.

Покрај Мадона, сопственичка на луксузната чанта е Тејлор Свифт, која е меѓу првите познати личности видени со оваа чанта, а ја носеше во 2023 година на свадбата на Џек Антоноф и Маргарет Квејли.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата