Фото: Бред Пит има нов имиџ!!

25.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Бред Пит има нов имиџ!!

Мегапопуларниот актер својот најнов имиџ го откри вчера додека уживаше во возењето низ Лос Анџелес, кога беше уловен со нова фризура.

Познатиот оскаровец често го прилагодуваше својот имиџ на партнерките со кои беше во врска, а наместо подолгата коса по која беше познат последниве месеци, доаѓа голема, можеби најголемата промена која ги воодушеви сите негови фанови.

Бред Пит сега ја има најкратката фризура досега - дури е изненадувачки што се решил на овој чекор. Ја задржа брадата, но ја скрати, а дефинитивно се согласуваме со фановите дека оваа слика одлично му прилега, пишува Superwoman.

Не е познато дали на промената го наговорила неговата нова девојка, швајцарската дизајнерка на накит Инес де Рамон, со која е во хармонична врска или едноставно сакал драстична промена.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата