Фото: Атрактивна Балканка успеа да заведе НБА ѕвезда

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Атрактивна Балканка успеа да заведе НБА ѕвезда

 Пол и Данијела веќе неколку години се во среќен брак, иако на почетокот  нивната врска имаше многу проблеми.

Нивната љубовна приказна започнала во ноќен клуб, а преживеале бројни скандали и тепачки, па дури и завршиле на суд. Даниела порано била го-го танчерка, а Пол го запознала во 2013 година.

Тогашната девојка на НБА  ѕвездата дознала дека кошаркарот имал афера со Данијел поради што нивната врска брзо завршила.

Но, бујната и атрактивна Србинка останала бремена и работите се искомплицирале.

Пол првично не го прифаќал татковството . Меѓутоа, кога Данијела ја родила ќерката Оливија во 2014 година, направен е ДНК тест кој официјално докажал дека Пол навистина и е татко.

Недолго потоа медиумите ја слушнаа веста дека кошаркарот на својата сегашна сопруга и понудил дури милион долари во првата бременост за да ја прекине бременоста, но таа не сакала да го направи тоа.

Нивната врска беше полна со подеми и падови, вклучувајќи тужби и расправии, но на крајот го нашле вистинскиот пат.

Денес тие се среќно оженети и горди родители на три деца.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата