Според извештаите на странските медиуми, спортската драма од Формула 1 заработи повеќе од 55,6 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во Северна Америка, додека вкупната заработка во светот надмина 144 милиони долари.
Со тие бројки, „Формула 1“ стана најголемото отворање на Apple досега, а според шефот на дистрибуција на Warner Bros., Бред Пит, бил клучен фактор во неговиот успех.
„Warner Bros“, кој соработуваше со „Apple“ за дистрибуција на „Формула 1“, очекуваше одлична гледаност и резулати и надвор од САД со оглед на глобалната популарност на Формула 1.
- Пит беше „тајната состојка“ на филмот, рече Џефри Голдштајн, шеф на дистрибуција на Warner Bros.
По викендот на глобалното отворање, извршниот директор на Apple, Зак Ван Амбург, го нарече викендот „извонреден“.
Во „Формула 1“, Пит го игра Сони Хејс, неуспешен возач на Формула 1 кој е регрутиран од неговиот долгогодишен пријател и поранешен совозач Рубен Сервантес - игран од Хавиер Бардем. Сони се приклучува на тимот на Формула 1 APXGP, кој се бори за успех. Таму, тој се судира со арогантниот возач Џошуа Пирс, игран од Дамсон Идрис, додека се обидува да го поведе својот тим до победа за прв пат.