Елтон Џон бара посилна заштита на авторските права од вештачката интелигенција

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елтон Џон бара посилна заштита на авторските права од вештачката интелигенција

Британската влада постојано одбива измени на предлог-закон за зајакнување на заштитата на креативниот сектор, што критичарите го сметаат за премногу слаб.

Елтон Џон, кој во средата ја доби наградата „Шампион на креативците“ на настанот Global Power Players на Billboard, е меѓу стотиците уметници што изразија загриженост за неовластеното користење на заштитени дела од страна на компаниите за ВИ.

Во објава на Инстаграм, 78-годишниот пејач ја истакна важноста на поддршката за новите британски уметници и повика на поголема транспарентност во управувањето со авторските права.

„Администрирањето на авторските права мора да биде транспарентно и да има целосна дозвола од уметникот. Овие принципи се темел на нашата индустрија и мора да бидат вклучени во законот за податоци“, напиша тој.

Џон нагласи дека уметниците не се против ВИ или големите технолошки компании, туку бараат соработка со владата. „Нема да попуштиме и нема тивко да исчезнеме. Ова е само почеток“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата