Ед Ширан: Имам 24- часовни телохранители за себе и за семејството, чудни работи се случија

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ед Ширан: Имам 24- часовни телохранители за себе и за семејството, чудни работи се случија

Како што призна, одлуката ја донел по обид за кражба во неговиот дом во Сафолк, познат по прекарот Ширанвил.

„Имам 24-часовно обезбедување во мојата куќа, кое ме чува мене, мојата сопруга и децата безбедни. Со текот на годините, се случија неколку чудни ситуации и едноставно морав да реагирам“, рече Ширан, додавајќи дека таквата практика со телохранители, иако ретко споменувана, станала речиси вообичаена во неговата индустрија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Шега со познати пријатели

Во подкастот, тој сподели и неколку анегдоти со познати пријатели како Елтон Џон, Дејв, Стормзи и Еминем. Тој се присети на необичниот момент кога Ван Морисон го поканил на појадок во шест часот наутро, откако ја поминал вечерта со голферот Рори Мекилрој.

„Бев полубуден и полупијан кога ме информираа дека Ван Морисон ме чека во лобито на хотелот. Појадувањето со него беше навистина надреално искуство“, рече Ширан.

Тој откри и детали за неговата соработка со Еминем на песната „Ривер“, а сподели и слатка епизода со Стормзи, кого го однесе до пабот во својот прв автомобил каде што Стормзи не можеше да се смести на задното седиште.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата