Освен семејството и пријателите, на церемонијата на доделување на наградите присуствуваа и големите ѕвезди Ал Пачино, Виола Дејвис и Октавија Спенсер. Познатата актерка на оваа церемонија во емотивен говор за прв пат проговори за својата ќерка .
- Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, мојот сопруг и моите деца, кои се сè за мене. Оваа чест ви припаѓа вам. Никогаш не зборувам за мојот личен живот, но неодамна имав разговор со мојата ќерка за кој ќе ви раскажам - рече Честејн.
- Кога разговарате со деца, им го поставувате прашањето: „Што сакате да бидете кога ќе пораснете?“ Одговорот на мојата ќерка беше: „Сакам да бидам мајка.“ Јас ѝ реков: „Можеш да бидеш многу работи, што сакаш. Можеш да бидеш претседател. Можеш да бидеш балерина. Можеш да бидеш мајка. Па, погледни ме, душо. Јас сум мајка. Јас сум актерка. Јас сум продуцент. Јас сум сопственичка на бизнис. Јас сум пријателка. Јас сум готвачка - изјави актерката и додаде дека нејзината ќерка била изненадена од идејата дека не мора да оди само по еден пат. Актерката го заврши својот говор признавајќи дека нејзините деца имале огромно влијание врз нејзиниот успех.
Инаку, Џесика е во брак со италијанскиот благородник Џанлука Пасио де Препосуло. Во 2018 година, тие добија ќерка преку сурогат мајка, а син две години подоцна.