Џенифер Лопез страсно бакна танчерка на доделувањето на АМА наградите, предизвика бура (ВИДЕО)

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Лопез страсно бакна танчерка на доделувањето на АМА наградите, предизвика бура (ВИДЕО)

Настапот дојде само неколку месеци по нејзиниот развод од Бен Афлек, а обожавателите не штедеа критики.

Тоа не ги импресионираше гледачите

Иако организаторите се обидоа да внесат свежина во шоуто со познато лице, многумина веруваат дека Лопез предизвикала повеќе непријатност отколку ентузијазам со својот настап. За време на отворањето, таа изведе микс од 23 добро познати песни од номинирани уметници, вклучувајќи ги „Birds of a Feather“ од Били Ајлиш, „Espresso“ од Сабрина Карпентер и „Texas Hold’Em“ од Бијонсе.

Многумина ја нарекоа изведбата невкусна

Реакциите на социјалните мрежи беа бурни. Гледачите ја опишаа нејзината изведба како „принудена“, „несмасна“ и „очаен обид да се привлече внимание“. Моментот во кој Лопез ја бакнува танчерката предизвика посебно внимание, кое многумина го нарекоа „невкусно“. „Џенифер Лопез целосно го изгуби компасот“, рече еден корисник на X. „Зошто Џеј Ло ги бакнува сите по ред?“, „Го кревам погледот од мобилниот и гледам – Џенифер Лопез бакнува девојка“, се само дел од коментарите на X.

Били Ајлиш освои 7 награди

Што се однесува до самите награди, вечерта ја одбележа Били Ајлиш, која освои награди во сите седум категории во кои беше номинирана, вклучувајќи ги главните награди за изведувач на годината и омилен женски поп изведувач, потоа за албум на годината и омилен поп албум за Hit Me Hard and Soft, песна на годината и омилена поп песна за Birds of a Feather и за омилен изведувач на турнеја.

Тејлор Свифт, иако имаше шест номинации, остана без признание. Други победници се Лејди Гага, Бруно Марс, Бијонсе и Еминем.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата