Дуа Липа: Да, верени сме, сакам да имам деца

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дуа Липа: Да, верени сме, сакам да имам деца

Во интервју за британскиот Вог, музичарката, која во август полни 30 години, за прв пат јавно проговори за големата пресвртница во нејзиниот живот.

„Да, свршени сме. Многу е возбудливо“, рече таа. „Одлуката да остариме заедно, да го делиме животот и, не знам, да бидеме најдобри пријателки засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, додаде таа.

Почна да размислува за плановите за свадба

На крајот од минатата година се појавија гласини за романтично запросување, а оттогаш често можеше да се види со блескав дијамантски прстен на раката. Иако во моментов не размислува интензивно за свадбата поради концертната турнеја, таа признава дека нејзините мисли се повеќе и почесто се вртат кон фустанот. „Сакам да ја завршам турнејата, Калум снима, па засега уживаме во овој период. Никогаш не сум била личност која сонува за свадба или замислува каква невеста ќе бидам. И одеднаш си мислиш: „Хмм, што би облекла?“

Се свршија минатата година

Дуа и Калум почнаа да се забавуваат во јануари 2024 година, а според медиумите, се свршиле за време на божиќните празници истата година. Се сретнале неколку пати случајно, и се запознале во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“.

Една година подоцна, повторно се сретнале на вечера во Лос Анџелес, каде што таа била со нејзиниот пријател Мустафа. „Одеднаш се појави Калум и си помислив: „Тоа е згодниот човек од „Ривер Кафе“.“ Преку разговор, откриле дека двајцата го читале истиот роман во тоа време - „Довербата“ од Хернан Дијаз.

Таа сака еден ден да има деца

Дуа призна дека сака еден ден да има семејство, но сè уште не е сигурна како ќе го вклопи тоа во својот хаотичен распоред. „Би сакала еден ден да имам деца. Но, постојано се поставува прашањето - кога би било вистинското време? Како би функционирало тоа со мојата работа, турнеите и колку долго би имала време да направам пауза?“

„Ги сакам децата, но да се биде родител е повеќе од само љубов кон децата. Тоа е доживотна обврска“, додаде таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата