Ди Каприо (50) во Париз помина романтичен викенд со 26- годишна девојка (ФОТО)

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Каприо (50) во Париз помина романтичен викенд со 26- годишна девојка (ФОТО)

Како што пишуваат медиумите, тој таму го поминал викендот со својата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети (26).

Ди Каприо и Виторија се снимени како одделно ја напуштаат забавата, на која наводно присуствувала и Кејт Мос. Актерот се обиде да се скрие од фотографите носејќи бејзбол капа и маска на лицето.

Да потсетиме дека Ди Каприо и Серети ја започнаа својата врска во август 2023 година. Потоа беа фотографирани како уживаат во сладолед и кафе во Санта Барбара. Една година подоцна се држеа за раце додека се шетаа низ Њујорк, а на крајот на годината заедно минаа на одмор во Сент Бартс.

Претходно странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се оженил затоа што Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен на левиот прст. Гласините за веридба се појавија на почетокот на нивната врска, но потоа беа демантирани.

Виторија инаку е успешен модел. Таа шеташе за брендови како Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford и Tommy Hilfiger. Во 2020 година, таа се омажи за Матео Милери, италијански диџеј. Не е познато дали парот се развел, а манекенката се уште има фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали Ди Каприо е причината што нивниот брак завршил.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата