Дензел Вашингтон кон жена, која барала помош: Зошто плачеш? И јас сум човек како тебе (ВИДЕО)

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дензел Вашингтон кон жена, која барала помош: Зошто плачеш? И јас сум човек како тебе (ВИДЕО)

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, жена му приоѓа на Дензел, кој во тој момент влегува во њујоршкиот театар. Таа го прашува дали има помош за актери кои не можат да најдат работа. Дензел ја поканува да дојде во театарот со него и ја замолува да го спушти телефонот. После тоа видеото престанува.

Во вториот дел од видеото, Дензел ја прегрнува истата расплакана жена и вели: „Зошто плачеш? Јас сум обичен тип како тебе“.

„Каков човек“, „Затоа го сакам“, пишуваат воодушевените обожаватели на Дензел, иако сè уште не е јасно што точно излезе од неговиот разговор со жената.

Ова не е прв пат Дензел да дава совети. Неодамна, исто така, му дал совет на едно момче од Лондон: "Не можеш да научиш да глумиш онлајн. Мораш да излезеш на сцена. Најди мал театар. Оттаму почнав. Ако го сакаш тоа што го имам, направи го тоа што го направив".

На крајот од разговорот познатиот актер му рекол: „Се гледаме на работа“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата