Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Бритни Спирс по 14 години ги решила несогласувањата со својата мајка

31 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Некогаш мегапопуларната Бритни истакна дека се чувствува благословена бидејќи таа и нејзината мајка по 14 години можат заедно и во мир да излезат на кафе.

Русокосата пејачка во нова објава на Инстаграм откри дека се смирила со нејзината мајка Лин Спирс.

Како што истакна Бритни, многу е среќна што тие две после толку време ги решиле несогласувањата и што после се ќе може да и каже се што и „лежи на душата“.

– По три години вчера ми се појави мајка ми на врата… Помина толку време… Кога станува збор за семејството, секогаш гледаш да ги решаваш проблемите доколку дојде до нив, – напоиша Бритни покрај својата фотографија од детството.

Бритни исто така истакна дека времето ги лекува сите рани.

– Времето ги лекува сите рани! Откако добив можност да и кажам се што ми паѓаше на ум долго време, се чувствувам благословено, Те сакам многу! Благословен сум, затоа што после 14 години можеме да одиме заедно на кафе. Ајде после и да одиме во шопинг, истакнала радосната Бритни.  

Инаку, врската меѓу Бритни и Лин почнала брзо да се влошува по завршувањето на старателството што татко и го имаше над неа цели 13 години, како и нејзините финансии, поради „исклучително лошата психичка состојба на Спирс“, објавија локалните медиуми.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ