Били Ајлиш победничка на овогодишните „АМА“ награди, со 7/7 статуетки

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Били Ајлиш победничка на овогодишните „АМА“ награди, со 7/7 статуетки

Меѓу нив се и главните награди за изведувач на годината и омилена поп-изведувачка, а потоа и - албум на годината и поп-албум, за „Hit Me Hard and Soft“, како и во номинациите за песна на годината и поп-песна, за „Birds of a Feather“, и омилен изведувач на турнеја.

Нејзината победа беше неочекувана. Имено, „Hit Me Hard and Soft“ го зазеде второто место на „Билборд 200 листата“, што е нејзин прв студиски албум којшто не го достигнал врвот. Исто така, на „Греми“ наградите во 2025 година, таа остана без ниту една награда и покрај седумте номинации.

Доделувањето на „AMA“ наградите се одржа вчера - 26 мај, во хотелот „Фонтенбло“ во Лас Вегас, а го водеше Џенифер Лопез. Второто место по бројот на освоени награди го делат Лејди Гага и Бруно Марс, кои освоија по три статуетки. Следни на листата со по две награди се Пост Малоун, СЗА, Викенд, „21 Пајлотс“, Бед Бани, Бијонсе и Еминем.

Тејлор Свифт, која го држи рекордот со вкупно 40 награди, остана без ниту една награда.

Грејси Ејбрамс беше прогласена за нов уметник на годината.

Албумот на Бијонсе, „Cowboy Carter“ ја доби наградата за омилен кантри-албум. Со ова нејзиниот вкупен број на награди „АМА“ достигна 13, што ја изедначи со Ријана за петтото место кај женските музички ѕвезди. Повеќе награди имаат само Тејлор Свифт (40), Витни Хјустон (21), Кери Андервуд (17) и Реба Мекентајр (15).

„Ден + Шеј“ ја освои наградата за кантри-состав по петти пат. Порториканецот Бед Бани ги освои одличјата за машки латино-изведувач и латино-албум по четврти пат. Викенд, исто така, четврти пат го освои признанието за машки ар-ен-би изведувач, и за ар-ен-би албум третпат.

Еминем четврти пат ја освои наградата за машки хип-хоп изведувач. Беки Џи ја освои наградата за латино-изведувачка по третпат, по 2020. и 2021 година. Тајла е омилена „афробитс“ изведувачка. Таа беше номинирана и за ар-ен-би изведувачка, но таа награда отиде кај СЗА.

Музиката од втората сезона на „Аркејн“ (Arcane) ја освои наградата за саундтрак, на големо изненадување - победувајќи ја филмската музика од „Злобница“ (Wicked).

Инаку, номинациите на АМА се засноваат на клучните активности со обожавателите продажба на албуми и песни, стрим, радиоемитување и приходи од турнеи.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата