Познато е дека сите сакаме добро да пазариме, но за малку пари. Затоа, автомобилски експерт ги издвојува петте најдобри возила под 3.000 евра, со кои никогаш не можете да погрешите.
- На оваа листа нема да има дизел, бидејќи верувам дека за тие пари е речиси невозможно да се купи дизел со кој подоцна нема да имате скапи дефекти, инвестиции и проблеми, вели експертот.
На петтото место го смести автомобилот <b>рено меган</b>, со 1,6 бензински мотор, во кој, како што вели, се колнат таксистите.
- Четвртото место го зазема <b>опел корса Д</b>, одличен автомобил, со малку подобра опрема, изгледа одлично, препорака за 1.4 бензинец со 90 коњски сили, продолжува.
На неговата листа третата позиција му припаѓа на <b>фиат гранде пунто </b>за кој вели дека го има во семејството веќе три години и дека е многу добар автомобил. Препораката е за 1,4 бензински мотор со 95 коњски сили.
- На високо второ место е<b> пежо 207</b>, кој е мало-голем автомобил, одличен за низ град, а добро ќе ве послужи и на долги релации. Препорачани мотори се 1,4 и 1,6 бензински мотори, со 75 односно 109 коњски сили, советува експертот.
Првото место, односно златниот медал, според негово мислење, го има автомобилот<b> опел астра К</b>.
- Свежината на изгледот го задржа со своите остри линии, иако поминаа речиси 20 години од неговото претставување. Добар е за возење низ град и за подолги релации. Секогаш ќе најдете мајстори и делови за овој автомобил низ градот. Препораката за моторот е 1,6 бензинец, со 105 или 115 коњски сили, заклучува експертот на својот профил на ТикТок.