Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе

28.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе

Во сојузните држави Лујзијана, Тенеси и Кентаки пријавени се осум смртни случаи од хипотермија, а во градот Њујорк пронајдени се десет безживотни тела на отворено.

Од хипотермија смртно настрадале и жители на сојузните држави Канзас, Мисисипи, Јужна Каролина, Тексас и Мичиген.

Во Детската болница „Монро Карел Помладиот“ во Вандербилт, Тенеси, хоспитализирани се 46 деца поради изложеност на јаглероден моноксид. Тие се затруле додека нивните семејства се обидувале да се затоплат, а во прекин било снабдувањето со електрична енергија.

Во голем дел од САД останува во сила предупредувањето од студено време. Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студ ќе трае најмалку до 1 февруари. Тие следат уште една евентуална зимска бура, која би можела да го погоди источниот дел на САД за време на викендот. Се претпоставува дека речиси 80 проценти од населението на САД ќе биде погодено од температури под нулата.

Ниската температура на воздухот и снегот до 51 сантиметар предизвика нарушување на сообраќајот и прекин на електричната енергија. Повеќе од 500.000 домаќинства немаат струја.

„Американ ерлајнс“ (American airlines) соопшти дека досега откажала повеќе од 9.000 лета, од кои 25 отсто се откажани вчера. Во САД вчера се откажани над 2.000 лета, а најпогодени се аеродромите во Далас, Бостон и во Њујорк.

Во сојузните држави Лујзијана и Мисисипи е распоредена Националната гарда, чии припадници помагаат во чистењето на снегот и управуваат со сообраќајот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата