- Јас сум прагматичар, британски прагматичар кој применува здрав разум, рече Стармер.
Стармер е првиот премиер на Велика Британија кој го посетил Пекинг од 2018 година.
Односите меѓу Пекинг и Лондон во меѓувреме се влошија поради растечката загриженост околу кинеската шпионажа, поддршката на Пекинг за Русија во војната во Украина и сузбивањето на граѓанските слободи во Хонг Конг, поранешна британска колонија.
Амбасадорот на Кина во Лондон, Џенг Цеуганг, претходно оваа недела изјави дека тие проблеми постојат, но дека двете страни бараат заеднички јазик.
Стармер, чија влада има проблеми да го оствари економскиот раст што го вети, во Кина носи делегација од повеќе од 50 британски бизнисмени, вклучувајќи ги и шефовите на компаниите „Бритиш Ервејс“ (British Airways), банката „HSBC“ и „Јагуар Ленд Ровер“ (Jaguar Land Rover).
Стармер ќе замине и во Шангај, „финансиската престолнина на Кина“, а ќе има и средба со претседателот на Кина, Шји Џјинпинг.
Стармер им порача на членовите на делегацијата дека сите тие во моментов „создаваат историја“.
- Во наш национален интерес е да соработуваме со Кина, рече тој, додавајќи дека тој однос носи „огромни можности“, но и дека ќе мора да се „поработи на разликите“.

